| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Русија е на погрешната страна на историјата

Американскиот претседател Барак Обама ѝ порача денеска на Русија дека стои на погрешната страна на историјата кога станува збор за Украина и оти чекорите кои ги презема Москва претставуваат кршење на меѓународното право.

Обама изјави дека САД ги разгледуваат можностите за економска и за дипломатска изолација на Русија.

Американскиот претседател го повика Конгресот да работи на пакетот помош за Украина, како еден од приоритетите, и порача дека продолжението на воената акција во таа земја ќе биде мошне скапо за Русија.

Обама предупреди дека светските сили се обединети во уверувањето дека Русија го прекршила меѓународното право интервенирајќи во Украина.

– Рускиот претседател Владимир Путин треба да им дозволи на меѓународните набљудувачи да посредуваат во разговорите во Украина – оцени Обама по разговорите со изралескиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top