Според некои српски медиуми првата ѕвезда која го потврди учеството во финалето на музичкото шоу „Икс-фактор“ е американската пејачка Кели Роланд.
Кели ја паметиме по тоа што заедно со Бијонсе беше членка на славното трио „Destiny’s child“. Нејзиниот сингл на кој работеше и Дејвид Гета беше голем хит.
Таа беше дел од жирито на англискиот Х-Фактор, но таму се скара со Сајмон кој јавно во 2012 година ја обвини дека не остварувала контакт со публиката и се однесувала премногу како ѕвезда и поради тоа доби отказ. Но, набргу се смирија страстите и таа повторно беше дел од жирито, но во последниот американски Х-Фактор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По триста перипетии Стојанчо од Гевгелија им покажа на Бугарите како пее славеј (ВИДЕО)
-
Скандал во финалето на „Икс-фактор“: Пијаната Никол плачела без престан
-
Ги воодушеви со пеењето, а кога го соблече фустанот, членовите на жирито занемеа (Видео)
-
Уште една суперфиналистка на „Икс – фактор“ издаде соло песна (ВИДЕО)


