„Гугл“ им е пријатели на сите, а особено на работодавците. Така, 80 отсто од нив ќе го „прогуглаат“ вашето име и ќе ги прегледаат резултатите пред да ве повикаат на разговор за работа, пишува „Хафингтон пост“.
Ако не најде нешто што се поклопува со информациите од биографијата која сте му ја испратиле, работодавецот најверојатно нема да ве повика на разговор.
Добар пример за тоа е профилот „Линкедин“, кој треба да го ажурирате пред да ја испратите својата биографија и тој нека ги содржи истите инфомрации што ги пишува во кратката биографија.
Вака вообичаено, според „Хафинфтон“, изгледа процесот на донесување одлулка дали да ве повикаат на разговор:
1. Примените биографии се делат на две групи. Тие што ќе бидат разгледани и тие што не ги задоволуваат критериумите.
2. Тука настапува „Гугл“. „Избраните“ од првата група се проверуваат и се сортираат во три нови подгрупи: веројатни кандидати, помалку веројатни и одбиени.
3. Веројатните кандидати се споредуваат, по што би можел да следи краток телефонски разговор со нив.
4. По тазговорот се избираат кандидатите кои ќе бидат повикани на интервју.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


