| четврток, 6 декември 2018 |

„ЕВН Снабдување“ лидер на пазарот на електрична енергија за големи потрошувачи

evn

„ЕВН Снабдување“ освои преку 70 проценти од отворениот пазар на електрична енергија за квалификуваните корисници кои веќе одлучиле, односно потпишале договор за снабдување. ЕВН за снабдувач ја одбрале 115 компании, останатиот дел од пазарот им припадна на другите лиценцирани снабдувачи. Се чека да завршат тендерските постапки во 20 државни компании, по кои ќе се знае и нивниот избор за снабдувач и конечниот процент на склучени договори на компаниите со лиценцираните снабдувачи.

– Задоволни сме од потпишаните договори, тоа е и повеќе од очекувано со оглед дека на пазарот излегоа со свои понуди и други снабдувачи. Тие што ни ја дадоа довербата го одбраа вистинскиот пат, ЕВН ќе им го понуди искуството од досегашното работење на домашниот пазар и од работењето на пазарот на Европската унија. Тие ја одбраа најдобра понуда, сигурното снабдување, прецизното планирање и продолжување на поддршката и партнерството – велат од ЕВН.

До крајот на февруари 222 компании во земјава со над 50 вработени и вкупен годишен приход не поголем од 10 милиони евра го избраа својот снабдувач на електрична енергија.

Со ова се создадени условите од 1 април да старува втората фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top