Во последната емисија на Танц со ѕвездите, Димитар и Јована повторно изненадија, овојпат со елегантен и грациозен слоуфокс во кој Димитар се појави во улога на ангел:
Нивниот втор танц пак, ја крена публиката на нозе и ја натера да фати ритам во чекор со нивниот нов, енергичен џајв на музичка тема од омилениот филм на сите генерации „Брилијантин“.
Додека публиката врискаше и ги поддржуваше со аплауз, Димитар и Јована изведоа едни од најинтересните и физички најнапорни акробации досега видени во шоуто. Погледнете и уверете се и сами:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.