На Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ која вчеравечер се одржа во универзалната сала во Скопје, Премиерот Никола груевски во своето обраќање истакна дека ја прифаќаат фрленара ракавица на ДУИ за предвремени парламентарни избори на 27-ми април со што ќе го спречат обидот на коалициониот партнер да ја дестабилизира земјата преку барање на уставни измени.
– Ги слушаме нивните изјави дека ќе ги бојкотираат претседателските избори ако кандидатот не бил консензулаен, дека ќе излезат од владата и ќе бараат предвремени избори. Кога во 2009 година имавме 63 пратеници како партија и Коалиција за Подобра Македонија, некако ништо не им сметаше, ниту консензулаен претесдател барааа, ниту предвремени избори бараа.
Подоцна откако во 2011 година добивме 56 пратеници гледаме едно различно лице на нашиот коалиционен партенр. Ние еден, два месеци внимателно ги слушавме нивните изјави, но по нивната одлука за предвремени избори, со образложение дека ниту еден од нашите кандидатите не го гледале како консензулаен и по вонредната седница на Извршниот Комитет јавно ќе одговорам.
– ВМРО-ДПМНЕ не подлегнува на уцени и закани, мислам дека тоа на ДУИ им е јасно. Второ, затоа што е јасно зашто бараат консензулаен кандидат – за да не го добијат и да одат на пропаѓање на претседателските избори и промена на уставот за да не го бираат граѓаните претседателот. Но претпоставката е дека ако ВМРО нема 62 пратеници да условат со барање еден од тројцата- претседател на Собрание, Држава или Влада да биде од ДУИ. Затоа овој начин на дејствување треба да биде пресретнат веднаш и сега. Ако не прифатиме предвремени избори, тогаш постојат ризици овие обиди да успеат и да влеземе во криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


