| четврток, 6 декември 2018 |

Денот на независноста на Босна и Херцеговина се одбележува само во еден дел од државата

Денот на независноста денеска се одбележува во Босна и Херцеговина. Тој е пропишан со државниот закон усвоен во 1992 година, но се слави само во еден дел од државата. На 1-ви март 1992 година, 64 проценти од граѓаните на референдум се изјаснија за незавсина Босна и Херцеговина, но него не го поддржуваат граѓаните на Република Српска, како и останатите претставници на партиите, но заеднички им е ставот дека земјата во која не постои заеднички став за одбележување на празниците нема светла иднина.

Празникот се слави само во Федерацијата БиХ во која е неработен ден. На овој ден пред 70 години во Мркоњиќ Град одржано е Првото заседание на антифашистичко собрание на народното ослободување на Босна и Херцеговина (ЗАВНОБИХ) на кое е обновена државноста на Босна и Херцеговина.

Република Српска својот Ден на државноста го одбележува на 21 ноември кога е парафиран Дејтонскиот мировен договор со кој е воспоставен ентитет во БиХ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top