| четврток, 6 декември 2018 |

Наместо со верници, владиката Пимен се фотографира и се фали со „поршеа“

Република повторно ја објавила онаа моја слика со поршето. Еве им и една нова со многу поршиња да си прошират колекција;-)   – владика Пимен

Владиката Пимен сакајќи саркастично да го прокоментира текстот од неделникот „Република“, во кој е споменат како еден од владиците што не се срамат јавно да ја покажат страста кон луксузот, покажа неверојатна ароганција која не доликува на ниту еден вистински верник, а камоли на свештено лице.

Наместо со сарказам да ја покрива својата слабост за хедонизам и афинитети кон земни задоволства, му порачуваме да си го посвети времето на враќањето на довербата кај православните верници на МПЦ, која е драматично намалена.

отец пимен

Времето што го потрошил за сликање со луксузни автомобили, а потоа и саркастично да се докажува со нас, можел да го искористи за да направи некое добро дело или да помогне некому. Само на тој начин нашиот текст ќе беше демантиран и депласиран. Вака, покажувајќи неверојатна ароганција и суета, само го докажува тоа што стои во нашиот текст, во кој го опишуваме карактерот на овој дел од МПЦ.

„Република“ му благодари на фотографијата на која имплицитно се гледа неговата страст.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top