| четврток, 6 декември 2018 |

Украина ќе бара екстрадиција на Јанукович ако тој е во Русија

janukovic

Украина ќе побара екстрадиција на сменетиот претседател Виктор Јанукович доколку се потврди дека тој се наоѓа во Русија, соопшти денеска канцеларијата на украинскиот јавен обвинител.

Украинското обвинителство почна истрага против Јанукович под обвинение за масовно убиство на цивили.

Се очекува во текот на денов Јанукович да одржи прес-конференција во рускиот град Ростов на Дон.

Украинското Министерство за здравство денеска соопшти дека од 30 ноември 2013 година, па досега, во протестите во центарот на Киев загинале 87 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top