Бугарскиот шампион Лудогорец направи подвиг со елиминација на Лацио во 16/финалето од Европа Лигата на УЕФА, откако анулира негатива од 0-2 во реваншот и со резултат 3-3 го елиминира италијанскиот претставник. Тој резултат му донесе на Лудогорец позитива од еден гол во вкупен скор (4-3), бидејќи Бугарите славеа во Рим со 1-0.
Лудогорец годинава игра одлично во Европа Лигата и заслужено се проби во осминафиналето.
Битката за титулата ја продолжува и Наполи со нашиот Горан Пандев, по победата од 3-1 против Свонси, вечерва во Неапол. Пандев играше еден час, а при резултат 1-1 беше заменет.
Мало изненадување направи Плзен со триумф против Шахтар на гостински терен со 2-1, што беше доволно со вкупен резултат од 3-2 за пробив во осминафиналето.
Резултати: Рубин – Бетис 0-2 (1-3 вкупен резултат), Лудогорец – Лацио 3-3 (4-3), Базел – Макаби Т. Авив 3-0 (3-0), Ајнтрахт – Порто 3-3 (5-5, со повеќе голови на гости Порто оди понатаму), Салцбург – Ајакс 3-1 (6-1), Наполи – Свонси 3-1 (3-1), Севилја – Марибор 2-1 (4-3), Шахтар – Плзен 1-2 (2-3).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


