| четврток, 6 декември 2018 |

Дрзок однос на Александра кон продукцијата и кон водителот

Натпреварувачката Александра Брковиќ во вторникот, без можност за дуел, беше исфрлена од „Икс-фактор“. Чачанката изјави за српските медиуми дека не ја пуштиле да ја испее својата песна за спас бидејќи сите би ги срамнила со земја.

Продукцијата на шоуто, пак, вели дека таквиот вид исфрлање двајца натпреварувачи од шоуто е сосема легитимен и воопшто не е непознат. Александра, која веќе третпат се наоѓа на дното на табелата, оваа емисија имаше далеку помалку гласови од останатите натпреварувачи.

Според изворите блиски до продукцијата, српските медиуми пишуваат дека ова навистина ја изнервирало Брковиќ, а за тоа говорат и нејзините постапки по напуштањето на шоуто.

Имено, таа вчера наутро требаше да гостува во утринската програма на „Пинк телевизија“, шема што се повторува неколку недели, поточно секој што испаднал претходниот ден се појавува на интервју следното утро.

Сепак, Александра не само што не се појавила на интервјуто, туку не се одѕивала на повиците ниту на продукцијата ниту, пак, на водителот на утринската програма.

Во шоуто гостувал само Алекса Перовиќ, кој испадна истата вечер. Кога подоцна одговорила на повиците од продуцентите, Брковиќ рекла дека не сакала да гостува во емисијата бидејќи таа се емитува многу рано, а неа ја мрзело да стане.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top