Во март, „Фејсбук“ ќе ја прекине услугата на праќање и примање електронска пошта на нивниот систем. Сите е-пораки испратени до „facebook.com” доменот, ќе се пренасочат кон електронската адреса која ја користите кога се регистрирате на оваа социјална мрежа.
Сервисот за електронска пошта на „Фејсбук“ е создаден во 2010 година, но не постигна голема популарност. Цукерберг сакаше нивното електронско сандаче да е единственото во кое ќе се примаат и праќаат пораки на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.