Пионерот на етио-џезот Мулату Астатке ќе го отвори годинешното, 13. издание на фестивалот „Оф-фест“ кој е во организација на Скопскиот џез-фестивал. Годинава „Оф-фест“ почнува на 1 јуни.
Истата вечер, свој настап ќе има и македонската група „Фолтин“, во специјална формација, со неколку реномирани гости од Словенија и Холандија.
Гостинот од Етиопија е роден 1943 година, студирал во Лондон, како и на престижната музичка академија „Беркли“ во Бостон, а настапува и снима во Њујорк. Кон крајот на 60-те години и почетокот на 70-те години тој станува една од движечките сили на трансформацијата на популарната музика на Етиопија.
Мулату Астатке како соло музичар развива индивидуален, некенвенционален и уникатен етио-џез стил, кој во своето јадро ги содржи основните музички конценпти на етиопската музика. Тој доживува поширока светска слава во 2005 година, кога се појавува како автор на музиката на филмот на Џим Џармуш „Скинати цвекиња“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.