| четврток, 6 декември 2018 |

Фабиус: Русија и ЕУ не треба да се конфронтираат за Украина

loren fabius

Францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабиус, изјави дека сите треба да се обидат да ѝ помогнат на Украина за да најде излез од кризата. Тој, исто така, побара Русија и ЕУ да не се конфронтираат за тоа прашање.

– Треба сите партнери, вклучувајќи ја и Русија, да ѝ помогнат на Украина – истакна Фабиус.

Според него, откажувањето на поддршката за Украина од страна на Москва би било многу сериозно.

– Украина е во Европа, но не е во ЕУ. Не треба да се конфронтираат Русија од една и ЕУ од друга страна. Украина треба да работи истовремено и со Русија и со ЕУ – нагласува шефот на француската дипломатија.

Изјавата на Фабиус е дадена во момент кога Украина е на работ на банкрот, а Русија се заканува дека ќе ја прекине финансиската поддршка.

– Треба итно да се обрне внимание на економската ситуација во Украина. Прво ММФ треба да помогне, тоа повлекува и реформи кои нема да бидат лесни – истакна Фабиус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top