Во јужниот дел од Албанија се формираат терористички групи чија цел е ослободување на Химара, Саранда, Дервичан, Дропул, Јаргуцати, Дерми, Ќепароит и на неколку села што, според нив, треба да бидат самостојни од албанска држава, пишува порталот „Опозита.ком“.
Терористичката група се финансирана од лобистите за независноста на Северен Епир и имаат своја платформа за автономија. Грчките православни свештеници се финансиери на ова движење. Меѓу нив, исто така, се осомничени и неколку епископи на висок ранг. Пред неколку дена двајца членови на партијата „Рилиндија“ (Преродба), Вангел Дуле и Васил Балано, упатија повик против албанската држава и побараа поголема автономија за грчкото малцинство.
Фотографијата е направена во близина на селото Дерми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија