| четврток, 6 декември 2018 |

Матео Ренци ја чека одлуката на Сенатот

mateo renziНовиот италијански премиер Матео Ренци во Сенатот на парламентот ја претстави програмата на својата влада и ја повика Италија на радикални промени. Потсетувајќи дека Италија ќе го преземе претседавањето со ЕУ, истакна дека европската традиција е тоа најдоброто во италијанското општество.

-Италија мора да стане земја на можности- посочил тој во едночасовниот говор и кој според медиумите во поголем дел бил импровизација.

Сенаторите вечерта расправаат дали да дадат доверба на неговиот кабинет и програма

Премиерот како три приоритети на својата влада ги наведе целосна деблокада на државниот апарат, основање на фонд за гаранција на мали и средни претпријатија кои немаат услови за кредит и намалување на трошоците на работа на половина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top