| четврток, 6 декември 2018 |

Откажан Заедничкиот комитет на ЕП и македонското Собрание

европарламентДванаесеттиот состанок на Заедничкиот парламентарен комитет на Европскиот парламент и македонското Собрание, што в среда и четврток требаше да се одржи во Стразбур, денеска е откажан од македонска страна.
Иако на официјалната интернет-страница на Европарламентот се уште стои најавата за овој состанок, денеска, со известување од страна на Собранието на Македонија, ко-претседавачот од македонска страна Кенан Хасипи, го известува својот колега ко-претседавач од ЕП Јорго Шацимаркакис, дека „поради непредвидени случувања, зголемени активности на пратениците и индивидуални откажувања” нема услови за квалитетна дебата на Комитетот.

Како што е познато, овој 12-ти состанок на Заедничкиот парламентарен комитет, првично требаше да се одржи во текот на есента минатата година, но европратениците поради обврски поврзани со кампањата за идните избори за нов состав на Европарламентот, замолија наместо во Скопје, состанокот годинава да се одржи на 26 и 27 февруари повторно во Стразбур.

Токму последниот состанок на овој Комитет, во мај 2013 година беше одржан во Стразбур, но по барање на европратеницитие, наместо лани во Скопје, овој месец требаше да се одржи повторно во францускиот град каде ЕП ги одржува пленарните седници.

Инаку, ЕП вакви заеднички комитети има со земјите-кандидати за членство во Европската унија, при што преку истите го следат процесот на евроинеграција на парламентарно ниво. Од страна на европскиот законодавен дом, покрај ко-претседавачот Шацимаркакис, во овој Комитет членуваат уште 22 други европратеници, со идентичен број на македонски пратеници предводени од ко-претседавачот Хасипи од друга страна.

Според развојот на настаните, доколку не се договори термин за состанок во текот на следниот месец, можно е ланскиот 11-ти состанок на овој Комитет да биде и последен во сегашниот состав, со оглед на тоа што од страната на Европскиот парламент ќе има измени, бидејќи ЕП се распушта во април, а во мај ќе се гласа за новиот состав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top