| четврток, 6 декември 2018 |

„Сосема моја Македонија“ – студентски натпревар во брендирање на Македонија

Уште десет дена остануваат до крајот на првиот натпревар за брендирање на Македонија,  „Сосема моја Макеоднија“, во организација на Бизнис академијата „Смилевски“ и првиот глобален бренд од Македонија, компанијата за маркетинг и односи со јавност „PWorld“.

Сите студенти на возраст до 25 години од сите државни или приватни високообразовни институции кај нас, кои имаат креативна идеја за брендирање на Македонија пред туристите, својата визија треба да ја испратат на www.bas.edu.mk/sosemamojamakedonija до 5 март 2014 година.

Идејните решенија треба да бидат на македонски и на англиски јазик, во три категории за светските магазини „Тајм“ (општ туризам), „Економист“ (економски потенцијал), „Лакшари“ (елитен туризам).

Студентите можат да аплицираат со своите креативни решенија за трите категории кои можат да бидат: фотографија, рачно изработена слика, слоган, графика, апстракт и сето она што студентите мислат дека може на креативен начин во трите категории да ја даде најдобрата реклама за нашата земја токму во овие светски магазини.

Победникот на натпреварот ќе се знае пред средината на март, а најкреативниот македонски студент ќе земе учество на најголемата конференција за маркетинг и односи со јавност во регионот „Marketing Kingdom“.

На оваа конференција, која се одржува по трет пат во Загреб, Хрватска, годинава за успесите во маркетингот и односите со јавност ќе говорат познати имиња од светските брендови.

Учеството на „Marketing Kingdom 3“ претставува животна можност за еден македонски студент да стекне знаења од лидерите на светско ниво во областа на брендирањето и промоцијата на одреден производ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top