| четврток, 6 декември 2018 |

Директор на „Водовод“ наместо да наплаќа сметки, јадел и пиел со другарите

kumanovo vodovod

Поранешен директор на кумановски „Водовод“ наместо да наплаќа сметки од ресторани во градот, тој „компензирал“ со ручеци и седенки со своите пријатели. Според МВР, директорот на овој начин нанел штета на претпријатието од околу 100.000 евра за период од три години.

СВР Куманово постапувајќи по поднесена пријава од група вработени во ЈП „Водовод“ Куманово, за незаконско и недомаќинско работење на одговорните лица во јавното претпријатие, до Основно јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против В.Б. (38) од Куманово, поранешен директор на ЈП „Водовод“ Куманово, поради основано сомнение декла сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Имено, постапувајќи по поднесената пријава, извршен е увид во книговодствената евиденција на ЈП „Водовод“, при што е констатирано дека пријавениот во својство на директор на јавното претпријатие во периодот од 2010, 2011 и 2012 година во пет угостителски објекти од Куманово, на кои им било фактурирано за потрошена вода, геодезија и извршени проектантски услуги, не ги наплатувал побарувачките, туку ги компензирал со ручеци и седенки со свои пријатели. Исто така, и во еден угостителски објект кој не е корисник на градската водоводна мрежа и не е регистриран во ЈП „Водовод“ Куманово како потрошувач на вода, пријавениот користел угостителски услуги на име на ЈП „Водовод“. Со наведените дејства пријавениот го задолжил претпријатието во вкупен износ од 6.030.469 денари.
Инаку, СВР Куманово на пријавениот и предходно му има поднесувано кривични пријави за „Злоупетреба на службена положба и овластување“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top