Четириесет и седумгодишната австралиска телевизиска ѕвезда и поранешна манакенка Шарлот Доусон, позната по борбата против интернет малтретирањето, утрово е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Сиднеј.
Таа стана позната по учеството во шоуто „Идниот топ модел на Австралија.
Според полицијата „нема сомнителни околности за смртта“ на Доусон, формулација која се користи за самоубиство.
Доусон во 2012 година беше хоспитализирана откако се обиде да се самоубие. Таа на Твитер тогаш добиваше закани и беше малтретирана. Потоа поведе кампања против интернет малтретирањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


