Македонската манекенка Александра Накова во средата доживеала полесна сообраќајна незгода. Иако снимките покажале дека нема скршеници, ниту пак таа имаше потешка повреда, докторите ѝ советувале да мирува во кревет.

Токму затоа Накова и нејзиниот танц-партнер и ментор Илија Карадакоски се двојката која неделава го напушта „Танц со ѕвездите 2“. Тие имаа изедначен број на гласови со Сара Мејс и Мишо Спаовски, но, како што соопштија, не го изиграа танцот за спас, поради тоа што Александра сѐ уште не се чувствувала добро.
Таа рече дека ѝ е навистина крио што го напушта шоуто и дека смета дека ќе стигнеле и до крајот, бидејќи имале премногу потенцијал.
Накова и Карадакоски кажаа дека за таа вечер подготвиле навистина интересна точка, која ќе ја изведат во некоја наредна прилика во некој ревијален дел на шоуто, кога на Александра ќе ѝ биде подобро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


