Репрезентацијата на Финска го освои брозениот олимписки медал на силниот хокеарски турнир во Сочи, а противникот САД доби вистинска лекција. Финците го декласираа ривалот со 5-0 со головите на Селане (два), Јокинен, Хејтанен и на Мата.
Со тоа Финска го одбрани третото место од претходните Игри во Ванкувер,. а САД се вратија назад два чекора, бидејќи во 2010 година го освоија сребрениот медал.
Утре во финалето во битката за трофејот на престижниот турнир ќе играат актуелниот олимписки првак Канада и Шведска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.