| четврток, 6 декември 2018 |

Од украинско село без струја и вода до заработка од 16 милијарди долари

jan koum whats aup

Кој е Јан Коум, човекот што за 19 милијарди долари му го продаде на „Фејсбук“ својот сервис за испраќање пораки „Ватс ап“ (WhatsApp)? Јан Коум (37) имал само 16 години кога неговото семејство се доселило во САД од Украина, каде што живееле во целосна сиромаштија. Коум израснал во рурална средина, во куќа без струја и топла вода. Кога се доселиле во Америка, неговото семејство егзистирало благодарение на тоа што добивале помош во бонови за храна. Во знак на сеќавање на своите тешки почетоци, Коум договорот за преземање од „Фејсбук“ го потпишал токму во канцелариите на социјалната служба во Маунтин Вју, каде што неговото семејство редовно доаѓало по бонови. Но, овај пат до канцелариите дошол во своето „порше“.

„Ватс ап“ е формирана во 2009 година од Коум и неговиот деловен партнер. Двајцата ја развилиле компанијата работејќи во кафулиња и од дома. За само пет години апликацијата има повеќе од 450 милиони корисници, па се очекува дека наскоро ќе ги има и повеќе од една милијарда. Тие испраќаат текстови, фотографии, видео и аудиопораки низ целиот свет – 18 милијарди кратки пораки секој ден. „Ватс ап“ е меѓу најомилените програми што се инсталираат на смартфон или таблет-компјутери и е компатибилна со сите системи. Во првата година е бесплатна, потоа се плаќа еден долар за секоја наредна година. Во неа нема реклами, а според соосновачот, Јан Коум, така и ќе остане. Значи: „Без реклами, без игри, без многу ’шминка’“, како што стои на мотото-рачно напишана порака залепена на работната маса на Јан Коум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top