Односите меѓу Македонија и Србија се значително унапредени, интензивиран е политичкиот дијалог, а расте и економската соработка, оценија денеска претседателот на Владата на Србија, Ивица Дачиќ, и македонскиот министер за надворешни работи, Никола Поповски.
– Владата на Србија смета дека инфаструктурното поврзување на патните и на железничките правци на двете земји е од извонредно значење, како и поврзување на системот за електрична енергија – истакнал премиерот Дачиќ.
Тој додаде дека полицискта соработка меѓу Македонија и Србија на полето на сузбивање на илегалната миграција, трговијата со луѓе, шверцувањето наркотици веќе дава резулатати.
На состанокот се разгледани и можностите за унапредување на трговската соработка, елиминирање на царинските препреки, подобро користење на механизмот на ЦЕФТА и заеднички настапи на трети пазари, соопштила српската владина канцеларија за односи со медиуми.
Поповски претходно се сретна со претседателот на Србија, Томислав Николиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.