Директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски утрово во полициската станица Беко во Скопје пријави дека, како што тврди, советникот на СДСМ од Неготино, Диме Витанов во телефонски разговори со партиски членови на ВМРО се претставувал како Илија од Центарот за комуникации и им барал да му се достават списоци со неопределени гласачи кои ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.
– Во секој случај, политичката одговорност за овој скандал ја носи највисокото раководство на СДСМ, Радмила Шекеринска и Зоран Заев – порача Димовски.
Димовски нема да поднесе пријава против Витанов, туку, како што рече, на полицијата ќе го раскажал случајот и ќе оставел МВР и Јавното обвинителство, како и Дирекцијата за заштита на лични податоци, да ја утврдат вистината на наводите и да реагираат соодветно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кој се пријави, се пријави: Исцрпени средствата за субвенционирање на печки на пелети
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)
-
Кривична пријава за двајца битолчани кои ширеле говор на омраза на Мечкин Камен