„Падна лотото во САД, но среќниот добитник на 425 милиони долари уште не се пријавил, соопштија американските медиуми. Ова ќе биде една од највисоките исплати во историјата на американската лотарија.
Уплатата е извршена во централна Калифорнија, а продавницата која го продала лозот ќе инкасира награда во износ од милион долари.
Освен главниот џекпот, извлечена е уште една комбинација во износ од два милиона долари и уште 17 комбинации од по еден милион долари.
Цената на лозот е два долари. Во своето соопштение Лотаријата на САД ги советувала новитте американски милионери да се посоветуваат со сериозни финансиски и прави стручњаци.
Извлечените броеви на џекпот комбинацијата била: 1, 17, 35, 49, 54 и 134.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.