Двојна семејна трагедија ја мачи актерката Џулија Робертс. Овие денови стана јасно дека 80-годишната мајка на „убавата жена“, Бети Лу, се бори со рак на белите дробови. Актерката е скршена и се обидува да се соземе по оваа вест. Ракот на Бети Лу бил откриен за време на рутински преглед во ноември. Веста за смртоносната болест се обелодени деновиве, само две недели по самоубиството на полусестрата на Џулија Ненси, на 9 февруари. Ненси е ќерка на Бети Лу. Бети Лу со години има нарушено здравје. Во 2009 година таа добила срцев удар и се подложи на ангиопластика. 80-годишната мајка на Џулија се лекувала од проблеми во грбот кога е поставена дијагнозата. Операцијата на грбот го забавила почетокот на лечење од рак. 46-годишната Робертс ја прибрала мајка си кај себе на имотот во Малибу. Ова не е првпат ракот да нанесе удар во семејството на актерката. Смртоносната болест го одзеде таткото на Џулија кога таа имала само 10 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст