Продолжуваат средбите на грчкиот министер за надворешни работи и заменик-премиер, Евангелос Венизелос, воедно и претседавач со Советот за општи работи на ЕУ, со македонскиот државен врв. По средбите на Венизелос со министерот за надворешни работи Никола Попоски и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, грчкиот шеф на дипломатијата посетата ја продолжи кај Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.
Иако вообичаено е да се оддржи заедничка прес-конференција меѓу двајцата шефови на дипломатиите, овој пат Венизелос не застана пред камерите. Веројатно, како оцени неговиот колега Попоски на грчкиот министер веројатно не му се допаднала позадината.
На средбата со вицепремиерот Бесими, како што соопшти неговиот кабинет, се разговарало за евроинтеграциите и зајакнување на соработката. Бесими побарал забрзување на процесот на европска интеграција на Република Македонија и на земјите од Западен Балкан.
На состанокот се дискутирало и за степенот на реализација на декемвриските заклучоци на Советот на ЕУ. Во таа насока, Бесими укажал на значењето на Политичкиот дијалог на високо ниво (ПДВН), како и заложбите кои ги превзема Владата на Република Македонија од аспект на реформите и унапредувањето на добрососедските односи во однос на отворените прашања со цел започнување на преговорите со ЕУ и забрзување на евроинтеграциите, а тема била и економската соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Попоски и Димитров на „Топ тема“ ќе дебатираат за надворешната политика
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана