За четири години, скопскиот регион треба да се гасифицира. Избраната компанија, која ќе добие концесија од 20 години, ќе треба да изгради најмалку 70 проценти од потребната мрежа за гасифицирање, поточно 175 километри.Министерството за транспорт и врски пред компаниите-членки на градежната комора при ССК го презентираше проектот за гасификацијата.Министерот Миле Јанакиески истакна дека повикот за гасификација на скопскиот регион, кој е најголем од трите предвидени за гасификација на цела територија на Македонија, ќе трае до 26 мај годинава.
– Со гасификацијата ќе се намали фиксната цена за трошоците. Огромните намалувања на трошоците се проценуваат на една третина, а инвестицијата за приклучок до системот за природен гас, според процените, се враќа за две до три години – нагласи Јанакиески, кој посочи дека веќе има заинтересирани компании за изградба на овој систем.
Претседателот на градежната комора при ССК, Сеад Кочан, нагласи дека гасификацијата ќе придонесе за поголема рентабилност и продуктивност на компаниите.
– Со гасификацијата цената на природниот гас ќе се намали и ќе се добие поголема енергетска стабилност, која воедно е важен индикатор за домашните и странските инвеститори во земјава – посочи Кочан.
Во согласност со процените за греење со гас во однос на парното, намалувањето на трошоците ќе биде за 24 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Власта преку судот се изживува врз Јанакиески и Божиновски – тврди адвокатот Миланов!
-
Јанакиески и Божиновски во понеделник на јавна седница ќе бараат укинување на притворот
-
Собранието ќе се вклучи во кампањата за референдумот, деталите во текот на денот
-
Семејните трошоци повисoки од просечната плата