Тој е веројатно најинтересниот Македонец во периодов. Талентираниот Даниел Кајмакоски, учесникот на овогодинешното издание на X фактор, вечерва е на домашен терен. Штотуку настапи во Универзална сала во Скопје, каде се оддржува Златна Бубамара на популарноста. Присутните занемени од неговиот настап. Аплаузот не ствинуваше, се скандираше неговото име… Тој доби награда за откритие на годината.
Екипата на Република е во Универзална сала, наскоро очекуваме фотографии од овогодинешната Златна Бубамара на која специјална гостинка е Северина.
Фото: Александар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.