Ако се работи за вистински и реален профил на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), изјавата на реисот единствено ја гледам низ призмата на внатрешните судири, проблеми и докажувања кои постојат внатре во Исламската заедница, како и недостиг на лидерство и визија на првиот човек со својот авторитет, кој очигледно не може да ги реши внатрешните проблеми во ИВЗ – изјави припепскиот градоначалник Марјан Ристески.
„Затоа ваквиот негов обид со кој се става во улога на радикал над радикалите, иако не сум од исламската вероисповед го замолувам неговиот Алах да му даде сила да остане доследен на принципите на неговата вера кои повикуваат на толеранција, и разбирање наместо да прави работи кои не му доликуваат на лидер на една верска заедница чија работа е да сполотува, а не да разединува и создава тензии, се вели во соопштението на Ристески.
Во духот на христијанството Ристески вели дека дека од него му е простено за оваа неспретна, необлислена и несреќна изјава.
-Апелирам до сите оние погодени од оваа изјава да се воздржат од било каква реакција бидејќи целта на изјавата е да предизвика проблеми и контрареакции, и наместо невкусни, дегутантни и приземни провокации да ги збиеме редовите и да гледаме понапред од оние кои сакаат да предизвикаат проблеми, вели Ристески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев праќа трудова инспекција кај поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи!
-
Последни подготвки за најголемата забава во Македонија – Пиво фест 2017
-
Марјан Ристески: Прилеп е подготвен за Пивофест, очекуваме гости од цела Европа (Видео)
-
Италијански компании заинтересирани за инвестиции во производството на мермер во Прилеп