| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието по скратена постапка усвои измени на повеќе закони

sobranie sala-oktomvri-2013-1

Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на 85. седница, по скратена постапка донесе измени и дополнувања на закони од повеќе сфери.

Пред пратениците се вкупно 112 нови законски решенија за измени и дополнувања предложени од Владата, чија цел е усогласување на постојните закони со Законот за јавна администрација.

На седницата не присуствуваа пратениците од опозицијата кои, уште пред да биде усвоен дневниот ред, реагираа за начинот на кој се носат законите. Прашаа, на што се должи итноста кога ионака, посочија, ќе бидат во функција по една или две години.

– Дали државата е во вонредна или можеби во воена состојба за која не знаеме штом се носат 112 закони по скратена постапка во еден ден – го прашаа Горан Сугаревски и Горан Мисовски претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

На тоа реплицираше Вељаноски со објаснување дека е негова должност, согласно Деловникот, доставените закони од секој овластен предлагач, вклучувајќи ја и Владата, да ги стави на дневен ред, а дали ќе бидат прифатени или не, е работа на Парламентот.

Собранието ќе ја продолжи седницата по пауза од еден час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top