И третиот од петте промотивни концерти на Каролина за „Македонско девојче 2“ е комплетно распродаден, а за останатите два концерти распродадени се 70 проценти од влезниците. Бидеќи е повеќе од очигледно дека сите пет концерти ќе бидат распродадени, набавете ги вашите влезници на време со што ќе го имате во раце први и новиот албум „Македонско девојче 2“, апелираат од „Авалон продукција“.
Концертите ќе се одржат во Македонската Опера и Балет од 20 до 24 февруари, Каролина во интервјуто за „Република“ изјави дека се и физички и психички е подготвена за овој предизвик.
Цена на пакетот, влезница плус луксузно дигипак издание е 600 денари. Влезниците се продаваат преку продажната мрежа на „Купи карти за се”, онлајн како и на билетарата на МОБ.
Албумот “Македонско Девојче 2” ќе биде во слободна продажба од 25 ти февруари низ цела Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.