| четврток, 6 декември 2018 |

Стопанствениците се за побрзо завршување на Коридорот 8

koridor8

Македонско – бугарската стопанска комора (МБСК) ја поддржува решеноста на владите на двете земји за поитно завршување на Коридорот 8 во правец Куманово-Софија.
Пред средбата на премиерите од регионот во Лондон, во организација на ЕБОР, бизнис заедницата и вчера, на регионалниот форум на пограничните власти и компании од Македонија и Бугарија, побара целосна изградба на модерна инфраструктура како услов за
интензивирање на економската размена. Тоа, според МБСК, би бил и јасен гест на добрососедска политика која води сметка за интересите на своите граѓани и нивниот економски просперитет.
МБСК, која ги иницирше контактите и прелиминарниот договор меѓу двете државни банки за развој, ги поттикнува финасиерите што побрзо да се вклучат во кредитирањето на овие инвестиции, особено во гаранциите за бугарските и македонските градежни компании кои би биле рефернтни и способни да учествуваат во овој голем инвестициски проект.
Комората воедно оценува дека потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија ќе биде посебен стимул за евроатланскиот пат на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top