Активисти на организацијата за заштита на животната средина „Гринпис“ изутринава истоварија камион полн со јаглен пред влезот на претседателската палата во Париз, неколку часа пред посетата на германската канцеларка Ангела Меркел.
Францускиот оддел на „Гринпис“ соопшти на својот веб сајт дека во камионот имало и нуклеарен отпад. На фотографиите од акцијата пред Елисејската палата, се гледаат полицајци како стојат пред најмалку четири активистки во маици испишани на германски и француски јазик.
Портпаролот на полицијата во францускиот главен град одби да даде коментар за настанот, а ниту канцеларијата на претседателот Франсоа Оланд не даде изјава.
Настанот пред Елисејската палата го отвора прашањето за безбедноста пред зградата, што често е обезбедувана од само неколку полицајци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Финансиски скандал ја тресе Елисејската палата: Генералниот секретар под истрага за корупција
-
Лабрадорот Немо го прекина состанокот: Кучето на Макрон уринираше крај каминот во Елисејската палата (Видео)
-
Нема да си ја жртвуваме храната за да водиме американски автомобили
-
Негодување и кризни состаноци во Елисејската палата поради скандалот со американската шпионажа



