| четврток, 6 декември 2018 |

Таблетите за контрацепција предизвикуваат тромб

emaСите таблети за контрацепција можат да предизвикаат создавање тромб кај жените кои ги пијат, па дури и смрт, гласи најновиот став на Европската агенција за лекови (ЕМА).

Иако за врската меѓу контрацептивните таблети и создавањето на тромб со години се шпекулираше, сега ЕМА дефинитивно ја потврдува.

– Новите видови таблети за контрацепција не треба да им се даваат на жените кои имаат висок ризик од згрутчување на крвта. Лекарите треба добро да проценат на можните ризици кај жените кога препишуваат таблети на пациентките, соопшти ЕМА.

Таквиот потег уследи по извештајот на Европската агенција за лекови која откри дека синтетичките хормони кои се користат во третата генерација таблети за контрацепција го зголемуваат ризикот од длабока венска тромбоза во многу поголема мерка отколку што досега се сметаше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top