| четврток, 6 декември 2018 |

Отворен ден на полкот за специјални операции на АРМ

Goranco-Koteski-3-18-godini-volci-(7)

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе се одржи Отворен ден на полкот за специјални операции (пСО) на АРМ на кој пред посетителите ќе бидат изложени борбените средства, техниката и опремата со кои е опремен полкот.

Покрај изложбата на техниката и опремата, „волците“ и „ренџерите“ на АРМ, ќе демонстрираат и дел од обуката на мултифункционалната алпинистичка кула, тактичка вежба „блиска борба – заседа“, обука за обезбедување високи воени раководители, употреба на беспилотни летала и хеликоптер, а ќе ја презентираат и обуката во боречки вештини.

Отворениот ден е во рамките на одбележувањето на јубилејот „20 години сили за специјални операции“ и Денот на пСО, кој оваа единица го прославува на 1 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top