| четврток, 6 декември 2018 |

Старото добро дерби за Чешка, Словаците ќе чекаат нова шанса

Старото добро дерби во хокеј на мраз меѓу Чешка и Словачка им припадна на Чесите со резултат од 5-3, со што Јагр и соиграчите се пласираа во четвртфиналето на олимпискиот турнир каде ќе играат со САД. Последната четвртфинална двојка е дуелот меѓу Канада и Летонија, репрезентација што ги победи Швајцарците со 3-1. Претходно Русија со 4-0 ја декласира Норвешка и си закажа дерби дуел со Финска, а со идентични 4-0 и Словенија мина понатаму за меч во следната рунда против Шведска.

Чесите вечерва водеа со 4-0 против Словаците, но и за малку ќе направеа од готово вересија. Хемски, на двапати Червенка и Крејќи беа стрелци, а потоа Словаците возвратија со 3 гола, два од нив дело на Хоса и еден на Сурови. Тие притиснаа за да израмнат, во финишот играа и без голман, што го искористи Плеканец за погодок во празната мрежа, со што стави печат на слатката победа на Чешка против големиот ривал и сосед Словачка.

Летонија ја изненади Швајцарија и со головите на Бартулис и два на Дарзинс славеа со 3-1. Почесниот погодок за Швајцарија го постигна Плус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top