Сите ние секојдневно споделуваме разни податоци кои кружат во самиот систем на социјалната мрежа „Фејсбук“, а тие се повеќе од доволни за да се соберат податоци за вашиот љубовен живот.
Имено, страната „Facebook Data Science“ неодамна направи истражување кое што е создадено според податоците кои што се споделувани на мрежата во периодот од 2008 до 2011 година. Излезе дека „Фејсбук“ врз основа на соберените податоци може да предвиди колку ќе трае вашата врска.
Податоците велат дека паровите кои што ги поминале првите три месеци, имаат поголема можност да бидат заедно четири или повеќе години. Студијата истовремено ги истражувала и причините поради кои што најчесто раскинуваат паровите и тоа вообичаено се случува во текот на летните месеци. Одморите, летувањата и слободното време се главни виновници поради кои завршуваат врските во текот на летото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


