| четврток, 6 декември 2018 |

Русија и Естонија потпишаа договор за границите

436514_lavrov-paet-foto-afp-1_f

Министрите за надворешни работи на Русија и на Естонија, Сергеј Лавров и Урмас Пает, денеска потпишаа нов договор за државните граници.

Претходно, договорот бил потпишан во 2005 година, но при ратификацијата Талин еднострано го вклучил Тартурскиот мировен договор од 1920 година меѓу Естонија и Советска Русија. Тоа од страна на Москва беше оценето како можност за идни територијани претензии кон Русија и рускиот потпис беше поништен.

На почетокот од 2012 година Комисијата за надворешни работи во естонскиот парламент ѝ предложи на Владата да почне консултации со Русија за склучување нов договор за границите.

Одржани се три рунди консултации при што двете страни го усогласија текстот за договорот за копнена и поморска граница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top