
– Подобрувањето на односите на Македонија со Бугарија ќе го подобри индиректно и нашите односи со Албанците, бидејќи за Албанците Бугарите не се Срби- вели Фрчковски.
Според него, подобрувањето на односите меѓу Скопје и Софија ќе доведе и до стабилизацијата на односите со стратешкиот партнер САД, “кој во регионот дејствува главно во правец Албанија, Косово, Македонија, Бугарија и Турција”.
– Ние мора да ja промениме политиката кон Бугарија и затоа е неопходно храбро и јасно политичко решение – што во оваа фаза ни недостасува. Треба да потпишеме Спогодбата за добрососедски односи, да создадеме комисии за историјата и за нејзиното споделување. Ние ќе имаме познати проблеми со дел од овие прашања – како да ги споделиме и во исто време да останеме идентично различни – тоа се прашањата за Кирил и Методиј, Климент и Наум, за Илинден, Гоце Делчев, како и прашањето за нашите граѓани кои се чувствуваат како Бугари. Друг дел од прашањата ќе бидат проблем и за самите Македонци – фашистичката окупација, прашањето за Евреите од Македонија, малцинствата. Сепак ние ќе постигнеме разбирање меѓу себе … отворено и директно ќе се соочиме со сите прашања како историски така и емоционално. На тој начин ништо нема да оставиме на историчарите и ќе ги земеме тезите за прашањето од полициско- историските сојузи на двете држави. Гледајќи напред ќе го регулирамe начинот на кој сакаме да гледаме назад во историјата- вели уште познатиот македонски политичар, пренесува БГНЕС.
Фрчковски го поставува и прашањето за промена на бугарската политика кон Македонија.
– Од што сме шокирани? Со целото свое однесување и политика ние испраќаме јасна порака дека не цениме поддршката, а реагираме само на стапот. Како изгледаме во бугарските очи? Кога имаме декларација за добрососедски односи од 1999 година и не правиме ништо за потпишување на Договор и конкретни активности за добрососедски односи. Истовремено се одаваме на комплексот кон Србија – Дозволивме да ја прослават нивната битка кај Зебењак – целосно српска, нема никаква врска со Македонија. А потоа, следува и борба за најжестока окупација на Македонија. Истовремено нашите владици потпишуваат понижувачки капитулација „нишки договор” за црквата. Заедно со тоа на долго и на широко во Македонија дејствува долнопробната српска чалга- вели тој.
Според Љубомир Фрчковски најмногу точната проценка за односите меѓу Македонија и Бугарија е зборот „занемарени”. Тој нагласува дека цело време Бугарија ја поддржувала земјата од признавањето на независноста по 1991 година, нагласувајќи дека Софија прва ја призна државата под уставното име. Жељу Желев е политичарот кој лобираше кај Борис Елцин. Отворањето на границите од страна на Бугарија за време на грчкото ембарго 1992-94 година беше клучно за опстој на Македонија, нагласува тој.
Фрчковски смета дека запоставување на односите со Бугарија трае 20 година.
-Економската соработка е слаба. Бугарските компании се на границата на дискриминацијата во Македонија, а инфраструктурните проекти се во полн застој. Тотално замрзнати културни односи, кои на моменти минуваат во непријателство- вели Фрчковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


