| четврток, 6 декември 2018 |

На татковците не им е до секс

Колку подобар татко – толку помалку секс. Барем вака вели најновото истражување на Ли Гетлер, антрополог од Универзитетот „Нотр Дам“ во Индијана. Според него, жените не се единствените што го губат интересот за сексуалниот живот кога во семејството ќе дојде бебе.

Студијата опфати 400 помлади мажи на Филипините, кои им помогнале на научниците да дојдат до заклучок дека кај помладите татковци сексот сериозно се намалува кога на свет ќе дојде детето.

Гетлер собрал медицински, но и животни информации за мажите на возраст меѓу 21 и 26 години и открил дека доаѓа до физиолошки промени, но и до промени во однесувањето на оженетите мажи, кои добиле деца.

– Кога се ожениле нивото на тестостерон кај нив опаднало, а уште поголемо опаѓање е забележано кога го добиле првото дете – вели Гетлер за „Гардијан“, додавајќи дека иако не сметал дека тестостеронот ќе влијае на сексуалното однесување на мажите, тестовите открија дека мажите што се насочиле на татковството, колку тоа повеќе го правеле, толку повеќе нивниот тестостерон опаѓал, а резултатот бил поредок секс со партнерот.

Освен низ физиолошката промена, Гетлер наведува дека мажите минуваат и низ психолошки промени, кои им помагаат да се приспособат на новата улога што ја добиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top