Сите приведени демонстранти, кои во саботата во Подгорица протестираа пред зградата на Владата на Црна Гора, се ослободени денеска после 48-часовен притвор.
Обвинителот ги товареше дека извршиле казнено дело непостапување по наредба на официјално лице, односно дека не ја послушале наредбата на полицијата да се тргнат од улицата за време на протестот пред зградата на Владата.
Во саботатата, полицијата се судри со група демонстранти, кои се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред зградата на Владата на Подгорица, за време на протестите на кои над 300 граѓани бараа смена на власта и оставка на сите пратеници. Група демонстранти фрлале со камења врз полицијата, на што било одговорено со употреба на солзавец.
Полицијата соопшти дека во судирите со демонстрантите се повредени девет полицајци, од кои еден е потешко. Во судирите беа оштетени три полициски возила.
Новинарот од весникот „Монитор“ Марко Милачиќ, по ослободувањето од притвор, изјави дека во иднина ќе работи на помасовни акции на граѓанска непослушност, бидејќи тоа според него е рецептот за смена на актуелната црногорска власт.
Тој дополни дека приведувањето нема никого да уплаши, истакнувајќи дека полицијата над приведените извршила невидена репресија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



