Европската унија и НАТО во одвоени соопштенија најостро ја осудија третата севернокорејска нуклеарна проба и предупредија дека таа претставува закана за мирот во Југоисточна Азија.
ЕУ најостро ја осудува оваа проба, која е уште еден чекор кон стекнувањето на нуклеарен капацитет и ги повика севернокорејските власти да се воздржат од натамошни провокации, порача високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Унијата, Кетрин Ештон.
Таа предупреди дека таквото однесување го загрозува мирот на Корејскиот Полуостров и оти е во спротивност со Резолуцијата 2087, која минатиот месец едногласно е усвоена во Советот за безбедност на Обединетите нации.
Ештон ја повика Северна Кореја да се врати на преговарачкиот процес со цел да се воспостави регионална стабилност.
Северноатлантскиот совет преку соопштение констатираше дека развивањето на оружје за масовно уништување е сериозна закана за мирот и одраз на континуираното пркосење на севернокорејските власт како кон Советот за безбедност на ОН, така и кон пошироката меѓународна заедница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса
-
Северна Кореја се подготвува да лансира разузнавачки сателит



