| четврток, 6 декември 2018 |

Фото: Уапсени разбојниците во „Лукоил“

razbojnistvo kumanovo 12.02.2013

Полицијата уапси 5-мина разбојници кои вчера рано наутро ограбиле бензинска пумпа во кумановско Романовце.Разбојниците биле роднини и на возраст меѓу 17 и 22 години, а двајца биле малолетни.

Вчера  околу 00,20 часот, пријавените отишле на бензинската пумпа “Лукоил“ лоцирана на локалниот пат Куманово-село Романовце и наполниле гориво во нивното возило, при што влегле внатре во бензинската, ја платиле сметката и заминале во објектот „Калабрија“ лоциран спроти бензинската пумпа, село Романовце, а инаку сопственот на А.Ф. татко на тројца од пријавените.

razbojnistvo kumanovo B 12.02.2013

 

Подоцна околу 5,40 часот со намера за себе да прибават противправна имотна корист се вратиле на бензинската пумпа при што двајца од нив маскирани со фантомки на главите влегле во објектот и едниот извадил пиштол кој го репетирал и вперил во вработениот М.И.(28) од Куманово, и сериозно заканувајки му се по неговиот живот од касата одзеле 5.000 денари по што избегале во непознат правец.

Од страна на вработените настанот веднаш е пријавен во СВР Куманово и по превзермени интензивни мерки пријавените околу 9 часот се пронајдени и приведени во СВР Куманово. По издадена наредба од ОС Куманово, а во содејство со специјалните единици од МВР на РМ извршен е претрес во домовите на пријавените и во објектот „Калабрија“, при што се пронајдени одземените пари и облеката што ја носеле за време на извршување на разбојништвото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top