Триесет и две годишен битолчанец бил фатен и осомничен за кражби во демирхисарското село Ново Село.
Се препоставува дека овој човек неколку пати ограбувал куќа на познати пензионирани лекари од Ново Село.
Според соопштението на МВР, СВР Битола поднеле кривична пријава против Г.Т.(32) од Битола и непознато лице за кривично дело тешка кражба.
Во периодот од ноември 2012 до 8 февруари годинава на подрачјето на Битола пријавените со употреба на физичка сила и погоден предмет од автобус и од хаварисано патничко возило, одзеле 20 литри нафта и разни делови за возилото, додека од куќа во село Ново Село-Демир Хисар, одзеле техничка стока, разновиден алат, алкохолен пијалок, тротинети, причинувајќи вкупна материјална штета од околу 491.500 денари.
Истражен судија на Г.Т. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Приведениот градоначалник од СДСМ пред изборите ветуваше чесност (видео)
-
Крадец фатен на дело (вознемирувачко видео)
-
Нова милионска набавка: Градоначалникот на Ново Село купува луксузна црна лимузина од 36.000 евра
-
Скопјанец затекнал крадец во својот дом, додека бегал му испаднале парите што ги украл