
Масовна тепачка се случила во раните утрински часови во ноќниот клуб „Тао“, под Железничката станица во Скопје. СПоред МВР во тепачката учествувале 34-годишниот Д.Ј. кој бил прободен со остар предмет, 24-годишниот В.К., три години помладиот Х.Н. и 26-годишниот А.Ѓ. сите од Скопје како и 23-годишниот Б.Ш., кој има расекотина на глава од удар со шише и 28-годишниот Д.Т., двајцата од Скопје.
Полицијата, како што соопшти ги привела сите, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Повторно скандал: Масовна тепачка на прес-конференцијата на Вајлдер и Фјури (видео)
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Драма во студентскиот дом „Стив Наумов“: Претепани се две лица


