Руската полиција во Москва го уапси Адил Тоганбаев, зет на поранешниот кригистански претседател Аскар Акаев, по кого трага Интерпол по барање на Бишкек од 2005 година, јави ИТАР-ТАСС.
Автомобилот со кој патувал Тоганбаев, вчера бил запрен за полициска проверка по што е утврдено дека возачот е баран од Интерпол. Во својата татковина Тоганбаев е обвинет за измама, проневера на пари и даночни измами.
Адвокатот на Тоганбаев, нагласи дека неговиот клент не може да биде предаден на Киргистан, бидејќи е државјанин на Казахстан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.