| четврток, 6 декември 2018 |

Воз удри во возило – четворица мртви во Србија

Zeleznicka pruga

Четири лица загинале рано утрово, околу 6 часот во тешката сообраќајна незгода на пругата Зајечар-Неготин во Србија, кога воз налетал на теренско возило. Според Б92 загинале возачот и сите патници во теренското возило. Спасувачките екипи се бореле за животот на возачот, но и тој им подлегнал на повредите.

Според првичните, неофицијални информации, до незгодата дошло кога џипот ја поминувал пругата на обележан премин.

Ова е трета ваква трагедија на железничките премини во Србија од почетокот на годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top