| четврток, 6 декември 2018 |

Штипско планинарско друштво на Февруарски марш во Бугарија

„Февруарскиот марш” кој во чест на поранешниот Претседател на Република Македонија Борис Трајковски, планинарското друштво „Лисец” од Штип со години го организираше на планината Плачковица, годинава реши да се одржи на Планината Рила во соседна Бугарија

Четири члена од ПСД „Осогово” беа дел од 45-те планинари од повеќе градови на Источна Македонија кои учествуваа на маршот. Условите годинава беа мошне тешки. Патеката долга 24 км. покриена со дебела снежна покривка која на одредени места достигнуваше и до 150 см. преставуваше тешкотија за учесниците чија крајна цел на искачувањето беше планинарскиот дом„Македонија” на височина од 2.166 метри.

planinarsko drustvo rila

Втората група која броеше пет члена учествуваше на Планинарскиот марш на планината Влаина со крајна цел врвот Кадиица на височина од 1932 метри. Организатори на маршот беа планинарите од ПД „Кадиица” – Пехчево, кои заедно со планинарите од Кочани, Виница и Делчево ја поминаа патеката долга 25 км. покриена со снег чија дебелина на места изнесуваше и 50 см.

planinarsko drustvo lisec

Со овие два марша планинарите од ПСД „Осогово” – Кочани уште еднаш достојно го претставија градот Кочани и неговата планинарска традиција во и надвор од државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top